'Матеја Матески

Роден е во Истанбул 1929 година. Детството го поминал во Гостивар, а студирал во Скопје и Белград, каде завршил филозофски факултет. Работел како наставник по македонски јазик, а потоа како новинар во Радио - Скопје. Ги напишал следните збирки: Дождови, Рамноденица, Перуника Липа, Раѓање на трагедијата.

Поетско творештво Со стихозбирката "Дождови" се свртува кон индивидуата, таа е прва афирмација на слободен стих. Во неа е дадена поетска визија за човековата чувствителност, растревоженост пред светот во кој се пластат закони. Тој бара одговор за немирот што го опкружува човекот. Неговиот стремеж е враќање на човекот кон природата, кон детството.Градот, асфалтот, висококатниците да ги замени со зеленилото, мирот и спокојот што го нуди природата и човекот повторно да се поврзе со неа.