Draft:Македонска студентска организација во Словенија

Македонска студентска организација во Словенија

edit

Македонска студентска организација во Словенија - МСОС (slo. Makedonska Študentska Organizacija v Sloveniji) – е неформална студентска организација со седиште во Љубљана, Словенија.

Oсвнована 05.03.2023
Кратенка МСОС
Седиште Љубљана, Република Словенија
Фокус Интернационални студенти
Претседател Кристијан Поповски

Раководство

edit

Моменталното раководство е составено од Кристијан Поповски (претседател), Леа Jaначковска, Марко Арсов, Ангел Наумов, Марија Коштревска, Моника Велинова и Васил Ханџиски, a првото раководство било составено од: Кристијан Поповски, Бисера Николоска, Моника Велинова, Марко Арсов, Киара Лазиќ, Леон Шумански, Евгенија Коловска и Александар Балкоски.

Моментално раководство
Име и презиме Функција Универзитет и факултет
Кристијан Поповски претседател Универзитет во Љубљана; Економски факултет
Моника Велинова секретар Универзитет во Љубљана; Економски факултет
Марко Арсов одговорен за организација на настани Универзитет во Љубљана; Факултет за хемија и хемиска технологија
Леа Јаначковска одговорна за човечки ресурси Универзитет во Љубљана; Економски факултет
Васил Ханџиски одговорен за пишана содржина Универзитет во Марибор; Машински факултет
Марија Коштаревска одговорна за информатички технологии Универзитет во Љубљана; Факултет за компјутерски технологии и информатика
Ангел Наумов одговорна за информатички технологии Универзитет во Љубљана; Факултет за компјутерски технологии и информатика

Историјат

edit

Официјално во јавноста се претставија на 05.03.2023 година. Иако тој ден се смета за нивното основање, тие со делување имаат започнато уште во 2022 година.

Основач, а и моментален претседател на оваа неформална организација е Кристијан Поповски, студент на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана. Покрај него во создавањето на ова движење имале улога и: Бисера Николоска, Марко Арсов, Александар Балкоски, Ксенија Краљевска, Евгенија Коловска, Киара Лазиќ, Стефан Ѓуровски, Христијан Богдановски, Дијана Димковска, Ана Влашки и Анастасија Стојаноска. Претставници во оваа организација има во четирите градови со најмногу македонски студенти: Љубљана, Марибор, Копер и Нова Горица.

Оваа студентска организација претставува мост помеѓу студентите од Северна Македонија, Словенија и меѓународната заедница. Впрочем, тие се претставници на македонското културно наследство и се група на проактивни луѓе кои сакаат единство и пријателство, создавајќи подобри можности за развој и просперитет, како за домашните така и за меѓународните студенти. Се стремат да бидат вистинскиот глас и претставник на македонските студенти во Република Словенија и да градат партнерства со тамошни студентски организациии, како и со тие од Северна Македонија.

Мисија, визија, вредности и дејности

edit

Мисија на организацијата: МСОС да ги застапува интересите, да го подобри животот и статусот и да влијае на олеснувањето на студиите на македонските студенти во Република Словенија.

Визија на организацијата: МСОС да им обезбеди глас и дом на македонските студенти во Република Словенија, како и нивна интеграција преку реализирање на проекти од заеднички интерес.

Главните нивни дејности се: студентска поддршка, студентско застапавуање, образование, култура, дружење и забава.

Имаат создадено систем на организациски вредности според кои се водат и ги застапуваат. Тие вклучуваат: грижа за нивниот тим, работа со љубов, создавање на квалитет, прифаќање на различности, амбициозност и колегијалност.

Соработки и партнерствa

edit

МСОС соработува и со компании кои вложуваат и активно помагаат за напредокот и развојот на студентите во нивната кариера и во секојдневниот живот. Активни партнерства оддржуваат со: Студентската организација во Словенија (sl. Študentska Organizacija Slovenije),Амбасадата на Република Северна Македонија во Словенија,Амбасада на Република Словенија во Скопје (sl. Veleposlaništvo Republike Slovenije v Skopju), Сојуз на македонски културни друштва во Република Словенија(sl. Zveza makedonskih kulturnih društev v Republiki Sloveniji), други студентски друштва (како на пример, српските студенти, босанско-херцегновинските студенти и други), македонски компании во Република Словенија, бизнис заедница, универзитетите, библиотеките и така натаму.

Настани и активности

edit

Македонска студентска вечер во Љубљана (8.10.2022)

Неформалната студентска организација започнала со активности во 2022 година, кога се реализирал првиот нивен настан, односно ,,Македонска студентска вечер во Љубљана” (sl. Makedonski študentski večer v Ljubljani) одржан на 08.10.2022 година во Клуб Конект во сорабтка со Студентски кампус - Љубљанa (sl. Študentski kampus - Ljubljana). Настанот е организиран во вид на студентска журка со цел ширење на македонската култура и традициja, како и дружење и меѓусебно запознавање на македонските студенти во Словенија. На овој настан присуствувале повеќе од 500 гости и студенти. Спонзори на овој настан биле: Македонија Трејд и Студентски кампус. На овој настан присуствувала и тогашната амбасадорка на Република Северна Македонија во Словенија, г-ѓа Сузана Зеленковска и претседателот на Сојузот на македонски културни друштва во Република Словенија, г-н Благоја Настески.
 
Macedonian culture
Запознај ги твоите македонски пријатели (24.3.2023)

Следниот голем настан на организацијата ,,Запознај ги твоите македонски пријатели” (slo. Spoznaj svoje makedonske prijatelje) одржан на 24.03.2023 година. Настанот бил организиран со поддршка на Секторот за меѓународна соработка на Студентската организација на Универзитетот во Љубљана (sl. Resor za mednarodno sodelovanje - Ljubljana) и Студентски кампус. На забавата биле присутни интернационални студенти и се слушала македонска поп и современа музика. Настанот бил журка, со цел приближување на македонската култура до интернационалните и словенечките студенти, преку пуштање на македонска модерна музика. Тука присуствувале повеќе од 450 гости. Запознај ја студентска Словенија (18.9.2023) Истата година во септември, односно на 18.9.2023 година се одржал нивниот следен настан ,,Запознај ја студентска Словенија”. Овој настан бил панел дискусија на која разговарале студенти, членови на МСОС, кои студираат на Универзитетот во Љубљана (Киара Лазиќ и Ангел Наумов), Марибор (Климентина Чаповска) и Приморска (Игор Арсов). Дискусијата ја модерирал Леон Шумански, студент на Универзитетот во Марибор. Говор оддржале и словенечкиот амбасадорот во Скопје, Н.Е. Грегор Прескар и претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, г-н Бранко Грегановиќ. На овој настан присуствувале повеќе од 200 идни студенти и нивни родители. Настанот бил организиран во соработка со НЛБ Банка АД Скопје и Амбасадата на Република Словенија во Скопје.

File:Meet student Slovenia.jpg
Meet student Slovenija
MSOS Sport: Volleyball and Basketball Tournaments (11.5.2024) Последниот нивен поголем настан се одржал на 11.5.2024 година насловен ,,MSOS Sport: Volleyball and Basketball Tournaments.” На овој настан учествувале повеќе од 40 натпреварувачи. Настанот се одржал во спортската универзитетна сала Рожна Долина во Љубљана. Наптреварувачи имало од следните земји: Шпанија, Португалија, Италија, Словенија, Србија, Црна Гора и Северна Македонија. Партнери на настанот биле Центарот за вонстудитски активности при Универзитетот во Љубљана (sl. Center za obštudijsko dejavnost Univerze v Ljubljani) и Македонија Трејд. Биле доделени пехар за прво место на турнирот во кошарка 3 на 3 и медали за победниците на турнирот во одборјка 6 на 6, како и награди, вредносни ваучери и други подароци за натпреварувачите и сите присутни.
 
MSOS Sport: Volleyball and Basketball Tournaments
 
Prizes awarded at the event
Други активности на организацијата

Покрај настани и активности од голем обем оваа оранизација реализира и помали настани и учествува на други средби. Вредно е тука да се напоменат следните настани и средби: утринско кафе во Централната техинчка бибилиотека на Универзитетот во Љубљана, Шкисова тржница, тим - билдинг настани и дружења, состаноци во живо со членовите, пикници, дружби за запознавање со бруцошки студенти во Љубљана и Марибор, посети во Амбасадата на Република Северна Македонија во Словенија, состаноци со други студентски оргназизации итн.

Социјални мрежи

edit

Оваа организација е отворена за сите студенти и не прави сегрегација во на основа релегиска, национална и расна припадност. Сите заинтересирани можат да ја посетат нивната веб страница Македонска студентска организација во Словенија, како и нивните социјални мрежи (Фејсбук и Инстаграм, но и на други социјални мрежи). На нивните социјални мрежи може да дознаете повеќе за нивните активности и идни аспирации.

References

edit